Зоран Заев денес се дрзна да дојде во Струга и по кој знае кој пат да даде изјава со лажни ветувања

Зоран Заев денес се дрзна да дојде во Струга и по кој знае кој пат да даде изјава со лажни ветувања.Господине Заев, Струга е нефункционална општина која ја создадовте Вие во 2004 година, направивте пазар за прекројување на Р. Македонија и сега треба да ги признаете последиците. Сето ова се одразува на функционирањето на училиштата.
Почитувани, потребно беше време за да се измени законот за градење, со една цел, а тоа е да се овозможи централната власт да може да гради без потпис на градоначалник во местата кои се запоставени од страна на градоначалниците.
По измената на овој закон Струга го осети бенифитот од власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Господине Заев да Ве поправиме во Дримкол не е изградено само едно Мултинаменско игралиште, туку и 3 водоводи во селата Нерези, Луково и во тек е градбата на водоводот во Пискупштина. Очигледно  не Ви одговара, па ги нема во Вашето излагање.
Вашето вложување во квалитетни работни места, Стружани го осетија на своја кожа. Ги уништивте Стружанка, Борис Кидрич, Полипласт, Струшка трговија, Струшко поле, Единство и ред други фабрики.
Во ТИРЗ Струга готова е фабриката на ОДВ Електрик, а наскоро треба да започне да гради и Костал. Е ова се вика обезбедување на работни места од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Во спортот имавте можност да се докажете. Додека бевте на власт имавте можност да ја изградите спортската сала во село Драслајца, да изградите спортски игралишта. И други спортски објекти.
Кажете ја и вистината за базенот во Струга , дека после 2002 г.  кога СДСМ дојде на власт, базенот го издаде на концесионери кои несовесно раководеа со истиот, па тука започна пропаѓањето на базенот и пливањето во Струга.
ВМРО-ДПМНЕ ја направи спортската сала во с. Драслајца започната пред триесетина години, покрај во Нерези изгради игралишта во с. Лабуништа и с. Октиси, реконструира игралиште за голем фудбал во село Мороишта, ја изгради ракометната трибина во Струга, во тек се постапки за градење на мултинаменски игралишта во селата Ложани и Мислешево, како и тениско игралиште и игралиште за одбојка и ракомет на песок во Струга.
Кога сме кај канализациите ВМРО-ДПМНЕ изгради канализација во с. Мороишта и во тек е постапка за градење на комплетен канализационен систем во село Ложани. Додека заради ингеренциите кои им ги дадовте на градоначалниците во 2004 г пропаднаа средствата од ИПА програмата  за канализациони системи во неколку села меѓу кои беше и Радожда, едноставно градоначалникот  Зијадин Села не стави потпис. Затоа немојте да ги лажете луѓето и прифатете ја реалноста, за штетата која ја направивте во 2004 г.Господине Заев, Струга е нефункционална општина која ја создадовте Вие во 2004 година, направивте пазар за прекројување на Р. Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи: