Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пронајде фантом во сопствениот дом! Оваа вест ексклузивно ја пренесе „Минус инфо“, повикувајќи се на изјава дадена лично од Заев. Лидерот бил толку збунет, што повторно – како и секогаш кога е возбуден, мешал струмички. Сепак, за разлика од вокабуларот по спомнувањето на датумот за избори, кога никој ништо и не го разбирал, сега новинарите успејале да ја разберат поентата.„Не ми се веруваше. Доаѓам ја дома, многу уморен дека тамо идам пешки, знаете. Улавам у гаражата и падна ми чудно – нешто гулемо покриено со церада стое у деснио ќош.500 квадрата гаража, разбираш. И тргам то церадата и шо да видам – фантом! – викнал растреперен Заев.
Новинарот останал збунет, па запрашал: -„Каков фантом, гоподине Заев, некој познат вмровец ко лажен гласач ли ви се скрил во подрум? Ииии, јако!“
-„Каков вмровец бре!Вај е од Англија, британски фантом, оригинал!“– гордо и самобендисано свикал лидерот и се кочоперел малку.
-„Не контам, странски фантом? Ааааа, од оние иселените наши у Британија, а?“
-„Јок. Под церадата имаше саглам Фантом бре, Ролс Ројс Фантом (Rolls Royce Phantom) најновио и најскапио модел, фул опрема со 156 километри. Прв газда е Вицето!“ – торжествено свикал Заев, но по фацата на новинарот сфатил дека тој ништо не разбрал, па се дообјаснил:
-„Абе като викам ДОМА, мислам на втората дома – а това е Грција, вилата ни гулема шо ја делеме со Вицето, а ја не ја признавам у медиумите. Там идам пешки преку граница,затова се изморих, текнува ли ти? Е, Вицето да ти купил Ролс Ројс Фантом, а да не ми е кажал, па ја се изненадих. Пријатно да ти признаам, убава кола. Евро за црквата, евро за културата у Струмца, евро за него и – оп, 400 илади евра и е стокмил само за колта, ама прва лига, ќеиф јак праве!“
-„А зошо баш таа кола, што му фали на Поршето? Јест да е само 200 илјади тоа, ама убо е, нели?“
-„Еее, грешка направил Вицето, ама убава де. Он да ти чул дека само фантоми не спасуват, па последнио тендер со корнишоните го е потрошил на фантом, да ми угоде. Он е мислел на тај фантом. Шо да праеме, бидна! Барем ќе се изнавоземе у лимузина! Ќе пукнат вија. На „Пуч“ со Фантомо ќе дојдувам, туууу, ќе и сокапам!“
Заев му ветил на новинарот дека ќе му даде да се слика во фантомот, чим го стави на МК табличка. Му кажал во доверба и му шепнал на уво Заев на новинарот и го заколнал у мајка да на кажува, дека Катица Јанева го барала фантомот во операта, оти од сигурни извори чула дека бил таму. Не го нашла, па му се правдала на Заев, кукала и корнела коса за да не ја казни со неплатената чланарина во СДСМ, затоа што била тежок циција и секо денар и бил важен. Тврдела дека најверојатно, фантомот од операта избегал скришно во балет, па МОБ е. Новата претрага на СЈО, најавила гордо, ќе биде таму. Планот бил да го сардисаат балетот за време на претстава, „Лебедово езеро“ по можност, да упаднат и да го фатат фантомот. Ќе го препознеле по тоа што, по сите логики, ќе откокнувал од толпата во купаќи по своите маскирни наочари и каишот со мртвачка глава и синиот му костум. Фатиме, му кажала Катица на Заев, ко мала прочитала пола стрип со Фантом и Мандрак и знаела како тој изгледа. И останало добро меморирано, оти тоа четиво и било и последното прочитано нешто во животот.
-„Нема утка, Фатиме ќе го препознае. Ќе фатиме барем еден жив фантом, ти ветувам Зајо, не се љути, ќе испуниме лидеру, не не казнувај“ – по што Заев се смирил и заминал да избере кожа за фантомот во Грција, оти оваа од ној ич не му се допаднала. Сметал дека лидер ко него не може и не смее да седи на пиле, сакал под него да биде слон, жирафа или макар лав.
Преземено од Република„Не ми се веруваше. Доаѓам ја дома, многу уморен дека тамо идам пешки, знаете. Улавам у гаражата и падна ми чудно – нешто гулем