Ексклузивно: Зошто автобусот на ЈСП изгоре до пепел?

Инцидентите кои се случија вчера се главна тема на сите странски медиуми.
Вчера, група демонстранти направија хаос низ главниот град, каде што се кршеа автобуски постојќи, сообраќајни знаци, се фрлаа камења кон полицијата и запалија еден автобус на ЈСП Скопје.
Но, зошто автобусот изгоре до пепел и не беше спасен на време? Според извори блиски до Пулс24, пожарникари од населбата Автокоманда тргнале кон местото каде што горел автобусот, иако пожарникарите од Бит Пазар биле поблиску.
Кога пожарникарското возило стигнало до автобусот тој бил сосема малку запален, но пожарникарите биле спречени да ја извршат својата работа поради демонстрантите. Второто пожарникарско возило е со оштетена шофершајбна и повреден бил еден пожарникар, кој веднаш бил пренесен во болница.
Останатите пожарникари биле спречени да ја извршат работата и поради тоа автобусот беше оставен да гори до пепел.
Денес, според странските медиуми, во двата дена протест во Скопје, повредени се 22 луѓе, од кои 13 се полицајци.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Инцидентите кои се случија вчера се главна тема на сите странски медиуми.
Вчера,

Пронајдете не на следниве мрежи: