Според некои тврдења, истражувањата се согласуваат дека повеќето луѓе не можат да го запомнат раѓањето и најраните 2-3 години од животот. Оваа неспособност да се запомнат настаните од раното детство е позната како „детска амнезија“.Детската амнезија не ја нарушува процедуралната меморија која складира информации за тоа како се прават одредени работи – возење велосипед и слично, туку само декларативната – спомените за некои факти и настани.
Сигмунд Фројд го нуди првото објаснување за детската амнезија: спомените се потиснати поради нивниот трауматски и сексуален карактер. Но, иако научниците го отфрлија она што го тврдеше Фројд пред околу 100 години, се` уште нема консензус за потеклото на детската амнезија.
Некое време беше смета дека децата едноставно немаат ментален капацитет да формираат декларативни спомени. Но, децата кои имаат 2-3 години, можат да раскажуваат за настани кои се случиле пред неколку месеци или дури пред една година, покажуваат современите студии.
Соработници на Универзитетот Ејмори разговарале со 83 деца кои биле на 3-годишна возраст. Тие беа испрашувани за случки од нивните животи. Потоа истите деца беа замолени да се потсетат на истите случки кога имале 5, 6, 7, 8 и 9 години. Така е применет првиот експериментален доказ за детската амнезија.
На околу 7-годишна возраст децата почнуваат да ги „бришат“ најраните спомени. Децата кои имаат 5-7 години се сеќаваат на 63-72% од она што им се случувало во минатото, а оние кои имаат 8-9 години, само 35%.
Истражувања кои беа спроведени врз возрасните покажаа дека најраните спомени им се од 3-годишна возраст.
Некои научници сугерираат дека најраните спомени остануваат недостапни за нас, бидејќи ние не сме имале јазик за време на формирањето на истите. Јазикот е важен за кодирање на автобиографски спомени, а долгорочните сеќавања на децата изгледа се формирани во времето кога прозбореле.
Според друга теорија, формирањето на спомени е повеќе или помалку нормално кај малите деца, но развојот на мозокот го спречува складирањето на спомените.
Неодамна научниците излегоа со слична хипотеза: појавата на нови мозочни клетки всушност ги брише спомените, бидејќи новите неврони ги нарушуваат мозочните врски кои се воспоставени меѓу старите клетки. Во поддршка на оваа идеја, тие успеале да направат подолготрајни спомени кај глувците на кои им е забавен растот на нови мозочни клетки.Детската амнезија не ја нарушува процедуралната меморија која складира информации за тоа како се прават одредени работи – возење велосипед и слично



