Едно од честите прашања што луѓето го поставуваат на Гугл е: Зошто луѓето на старите фотографии не се смеат?Навистина, кога ќе ги погледнете фотографиите од постарите времиња, често ќе видите дека луѓето се сериозни.
Не треба човек да биде голем гениј за да го види одговорот на тие ненасмеани фотографии – тие ги фиксираат лицата за да бидат совршено мирни додека чекаат добра експозиција.
Луѓето во минатото нужно не биле подепресивни, потажни или помрачни од нас. Не оделе наоколу за да ги тормозат сите со своите проблеми, иако во тие времиња и тоа како имале причина за тоа.
Нивните сериозни фотографии говорат нешто друго, а тоа е дека имале поинаков однос кон сопствените фотографии.
Фотографирањето некогаш претставувало важен момент во животот на луѓето. Тоа било ретко и не можел секој да си го дозволи. Луѓето не се фотографирале секој ден, а некои тоа го имаат направено само еднаш во животот.
Позирањето за камерата изгледало како да е позирање за сликар, бидејќи тој процес траел подолго.
Но, вистинските сликари кои би цртале портрети можеле да си ги дозволат само богатите, а фотографиите и оние малку посиромашните. Токму затоа луѓето доста сериозно го сфаќале тој момент.
Денес, кога секој од нас дневно прави околу десетина фотографии и селфиња, тешко е да се разбере интимното значење на секоја фотографија.
Овие ненасмеани луѓе на старите фотографии веројатно се забавувале како и ние, но немале хистерична потреба да го покажат тоа.Навистина, кога ќе ги погледнете фотографиите од постарите времиња, често ќе видите дека луѓето се сериозни.
Не треба човек да биде голем г



