Зошто ни се случува „Дежа Ву“?

Дежа ву е доста чудно чувство ‘како веќе да сме биле тука или како нешто да ни се случило иако знаеме дека нема шанси да е точно. За што всушност се работи тука?Никој не знае точно. Едно истражување од 1888. година вели дека пациентите со епилепсија повеќе пати доживуваат дежа ву за разлика од луѓето кои ја немаат оваа болест. Некои истражувања пак тврдат дека доаѓа до промена на активноста во темпоралниот лобус, дел од мозокот за сетилна перцепција, говор и меморија.За време на нападот, невроните испраќаат пораки на различни делови од телото но со некои пациенти после операција на мозокот ова чуство се губи. Некои научници тврдат дека сличното однесување на невроните – грешка во системот – истотака би предизвикало чуство на блискост со некое место или ситуација кога нема причина за тоа. Друга хипотеза вклучува друга  можна грешка; овој пат, проблемот е во нашето сеќавање,вели Ен Клири, професор за когнитивна психологија на универзитетот во Колорадо. Нешто во новата ситуација активира сеќавање на слично искуство од минатото, но нашиот мозок не успева да се сети.
Замислете да престојувате во Париз за прв пат и одите на Лувр. Погледот ви паѓа на една огромна стаклена пирамида и тоа ви буди чудно чуство. Во тој момент, вашиот мозок не успева да ја превземе меморијата која би можела тоа да ви го објасни.Во филмот „Кодот на Да Винчи“ имате близок кадар баш на таа пирамида. Во недостаток на сеќавање од минатото која би можела да ви даде објаснување за чуството „како да сте биле тука“, вам ви е останато само чуството на познавање на моменталната ситуација, вели Клири. Jaсно се сомнева дека чуството на познавање доаѓа од нашата способност да осетиме просторна конфигурација на опкружувањето. Да ја тестира оваа хипотеза, таа поттикне дежа ву во лабораторијата. Користејќи симулации на животот од играта „The Sims”, Клири и неговиот тим изградија две различни сцени, со различни карактеристики, но идентични во својот распоред.
Првата сцена е двор чија карактеристика е едно дрво во центарот, опкружено со различни цветови и растенија, и корпи со растенија на ѕидовите. Втората сцена е музејска поставка во која дрвото го заменија за голема статуа, а корпите со растенија со килими. Кога учесниците на експериментот беа во втората соба, тие пријавија чуство на нешто веќе видено, но не можеја да се сетат каде веќе го виделе тоа.„Луѓето имаат зголемено чуство на веќе видено кога сцената има идентичен распоред, но тие не можат да се сетат на изворот на тоа познато чуство“, вели Клири. Уште едно можно објаснување за дежа ву, датира од 1928 година, кога психологот Едвард Тиченер го опишал чуството на пример додека поминувал преку улица. Во моментот кога поминува преку улица, инстиктивно погледнуваме лево, но ако нешто не привлекува од десната страна, ќе се свртиме во тој правец.
До моментот кога повторно ќе погледнеме лево, веќе сме го заборавиле оној прв пат. Овој втор поглед предизвикува чуство на блискост, затоа што во овој случај, ние навистина сме виделе нешто порано. Во многу случаи, луѓето кои имаат дежа ву не можат да одредат точно за што се случува. Како на пример кога името на глумецот ни е на ‘врвот на јазикот’ но не можеме да се сетиме. Како нашиот мозок да ни зборува дека тоа не е сето и дека тука има уште нешто да се пребара.Никој не знае точно. Едно истражување од 1888. година вели дека пациентите со епилепсија повеќе пати доживуваат д

Пронајдете не на следниве мрежи: