Европските и руските вселенски станици најавија планови да ги здружат силите и да формираат човечка колонија на Месечината.Овој потфат го носи називот Луна 27, а првата мисија би требало да се спроведе за само 5 години.
Првата вселенска мисија ќе се реализира на досега неистражениот јужен пол на Месечината, при што ќе се процени дали има вода или некакви суровини кои можат да создадат гориво и кислород.
Истражувачите веруваат дека на мрачната страна на Месечината би можело да има мраз.
Наредните мисии потоа ќе имаат цел за изградба на населби на Месечината.
Професор Игор Митрофанов од Институтот за вселенски истражувања во Москва, изјави:
„Мора да одиме на Месечината. Овој век ќе биде векот во кој Месечината ќе стане постојано место за живот на човечката цивилизација, а нашата држава ќе учествува во тој процес“.
Тој додаде дека Русија ќе мора да соработува со меѓународните колеги.
Беренжер Худу, шеф на лунарната истражувачка група од Европската вселенска агенција (ЕСА), изјави:
„Имаме амбиции да пратиме европски астронаути на Месечината. Во моментов се водат расправи на меѓународно ниво за поширока соработка кога станува збор за Месечината“.
Слични коментари даде и Јохан Дитрих Вернер, новиот шеф на ЕСА, кој наведе дека се планира изградба на европска база на мрачната страна на Месечината.
Иако Русија е предводник на овој проект, ЕСА развива нова опрема за слетување, но и високо-технолошка дупчалка за мраз.
Учеството на Европа во мијсијата што ја предводи Русија, бара конечно одобрение кон крајот на 2016 година.
Овој потфат го носи називот Луна 27, а првата мисија би требало да се спроведе за само 5 години.
Првата вселенска мисија ќе се реализира на



