Недолго после завршувањето на Првата светска војна, поточно во 1920-та година, на еден состанок во Франција бил променет начинот на којшто патуваме – засекогаш. Всушност, токму тогаш бил “измислен” модерниот пасош.Па така, од која земја и да доаѓате и каков пасош и да поседувате, тој е помалку, или повеќе, многу сличен на пасошите од останатите светски држави. Добро, некои се и тоа како моќни, па колку за пример, многу е полесно да се патува ширум светот со германски пасош, отколку со многу други пасоши, но овојпат не зборуваме на таа тема, туку токму ви ја донесуваме приказната за настанокот и изгледот на денешниот пасош.
А начинот на којшто патуваме денес бил засекогаш изменет во 1920-та година, кога на еден состанок во Франција бил “измислен” модерниот пасош. Па така, и ден денес, без оглед на националноста, сите пасоши наликуваат едни на други – главно имаат ист број на страници, поеднаква големина и дизајн, а се разликуваат и по бојата на кориците.
Споменатата екипа од францускиот состанок пред речиси 100 години, ја сочинувале Лигата на народите (или Друштво на народите), организација основана после војната, со цел да се одржи светскиот мир. Токму тогаш тие донеле одлуки врзани за изгледот на идните пасоши.
Всушност, се' до Првата светска војна, пасошите не ни биле потребни за слободно движење во внатрешноста на Европа и преминувањето на границите било многу лесно и едноставно. Но, за време на воната, логично, буквално се’ се променило, после што започнале и контролите на границите и воопшто, контролите на движењето на луѓето. Истата пракса се продолжила и во годините после војната, при што преминувањето на границите повеќе не било едноставна процедура.
Лигата на народите токму затоа пропишала употреба на пасоши и донела одлука за тоа како тие мора да изгледаат. Пропишаните димензии се 15,5×10 сантиметри и обврска да поседуваат 32 страници, од коишто 28 празни за печатите и визите. Со помали промени, бројот на страници и димензии се вообичаени ширум светот.
А нештата коишто во меѓувреме најмногу се промениле во однос на безбедноста, се тоа што денешните пасоши поседуваат водени жигови, електрински чипови, биометриски информации и слично, такашто на оние коишто се обидуваат да ги злоупотребат, значајно им е отежната “работата”.
Па така, од која земја и да доаѓате и каков пасош и да поседувате, тој е помалку, или повеќе, многу сличен на пасошите од останатите светски држави