Зошто сите сакаат да одат на летните музички фестивали?

Одговорот на ова прашање ни го дава една нова студија, која вели дека на овие летни фестивали се оди поради пијанство, тепачки и секс со непознати, а се помал е бројот на ние кои ги посетуваат музичките фестивали поради музиката.
Посетувањето на музичките фестивали е одлична можност да се погледнат еден куп интересни бендови кои инаку не би имале можност да ги слушнете. Практиката покажува дека фестивалите сепак најчесто се посетувани поради секс, алкохол и дрога.
Така покажува новата „шокантна” студија МСН, која вели дека голем број фанови на летните фестивали одат поради се, само не поради музиката. Една четвртина од испитаниците признале дека на фестивалот имал секс со некој кој го запознале таму, 21% велат дека најмногу ги привлекува дрогата, а 13% од нив рекле дека одат за тепачки.
Старите лица не се ништо подобри
Ваквото однесување не зависи од возраста – покажала  студијата која опфатила повеќе од две илјади посетители на бројни фестивали. Девет отсто од посетителите (помеѓу 45 и 54 години), изјавиле дека на фестивали одат за да експериментираат со дроги.
Една петтина како причина го навеле прекумерното пиење, десет проценти го навеле сексот, а „само” два проценти од испитаниците изјавиле дека тепачката е тоа што најмногу ги „возбудува“.

Некои се таму само поради музиката
Не смееме да ги заборавиме и „вистинските” посетители кои се таму првенствено за музиката. Станува збор за околу четириесет и пет проценти, кои тврдат дека најмногу ги привлекува фестивалската атмосфера, можноста да се дружат со пријателите и да побегат од секојдневниот живот.
Џорџ МекКи, експертот за фестивали професор на Универзитетот во Салфорд, изјавил дека ова не е особено шокантно откритие, ако се земе во предвид дека повеќето луѓе одат на фестивали за да се „опуштат”.

Се е тоа секс, дрога, рокенрол и традиција
„Фестивалите се длабоко вкоренети во традицијата на карневалот, а намерата е да се променат секојдневните очекувањата од нормално однесување. Па според истражувањата МСН, новите генерации само ја задржуваат традицијата “, истакнал МекКи.

Се разбира дека има и некои замерки од посетителите, кои МСН ги покажа во оваа студија.
Најголем проблем е тоа што тоалетите не се чистат доволно често (43%), потоа цената на храната и пијалаците (17%), немањето можност да се полнат  мобилните телефони (17%), а секој осми посетител тврди дека стравува од лошите временски услови.Одговорот на ова прашање ни го дава една нова студија, која вели дека на овие летни фестивали се оди поради пијанство,

Пронајдете не на следниве мрежи: