Зошто треба да ставите ракија на косата пред спиење

Ракијата ја подобрува циркулацијата, па штом ќе ја нанесете на темето, ќе почувствувате пецкање и топлина. Постапката е многу едноставна, а сигурно ја знае и вашата баба, бидејќи овој рецепт за бујна коса потекнува токму од бабите. Земете малку ракија и нанесете ја директно на кожата на главата. Потоа со прстите масирајте со кружни движења, така што ќе се распореди по целата глава. Потоа наведнете ја главата и продолжете да масирате уште неколку минути. Набрзо ќе почувствувате топлина и пецкање, но тоа не треба да ве загрижува.
Ракијата е моќно средство за чистење на кожата, токму она што им е неопходно на модерните девојки. Поради секојдневното користење серуми, ампули, балсами, хемиски препратари пени и сл. кои се задржуваат и по миењето, порите на кожата на главата се затвораат, што директно влијае на квалитетот и растот на косата, а често и го засилува опаѓањето. Затоа од време на време кожата на главата треба да се чисти темелно, а ракијата е најевтиното и најздраво решение.
За да не ја оштетите косата, ракија не се нанесува на целата коса, туку само на темето на главата. Старите на овој начин лекувале првут.
Секогаш комбинирајте ја ракијата со масло: маслиново, кокосово, гроздово, па дури и сончогледово, ако немате друго. Така кожата ќе се хидрира, а нема да се намали дејството на ракијата. Маслото можете да го нанесете по целата должина на косата.
Не претерувајте со овој третман.
Третманот со ракија го поттикнува растот на косата, но ако имате псоријаза или кој било друг сериозен проблем со кожата на главата, НИКАКО не ставајте домашни маски без да се консултирате со дерматолог. Не ставајте дури ни маслиново масло!
 

Пронајдете не на следниве мрежи: