Зошто врската со оженет е лоша идеја, освен очигледните причини

Без разлика на општествените норми, без разлика што се смета за правилно или за погрешно, понекогаш нашето срце не носи во насока во која не сме очекувале.Токму така. Понекогаш срцето избира некој кој веќе има семејство, сопруга, некој кој веќе изградил дом со друга. Тешко е да му се нареди на срцето да сака некој што го избрало, но ако се тргнат на страна сите стереотипи и предрасуди, дали тоа е во ред или не, ти останува да се запрашаш само едно: Дали навистина си и ќе бидеш среќна?
Бидејќи заслужуваш да имаш некој целосно.
Еве зошто не треба да стапувате во врска со оженети:
Никогаш навистина нема да биде твој: Тој никогаш нема целосно да може да ти се препушти без разлика дали е среќно оженет или не. Во брак е со друга жена, и на крајот од денот оди дома кај неа.
Никогаш нема да знаеш дали ти ја кажал целата приказна: Никогаш нема да бидеш сигурна каде е, што прави, и со кој е. Секогаш постојат две страни на некоја приказна, и за жал, ти можеш да ја знаеш само неговата верзија од приказната.
Луѓето ќе те судат: Луѓето секогаш озборуваат, а тоа што си во врска со оженет маж им е повеќе од доволно. Брз разлика што не ги знаат сите околности, за нив тоа не е во ред.
Ти секогаш ќе бидеш „негова тајна“: За тебе никој не смее да знае. Или барем не се уште. Не можеш да излезеш во јавност со него бидејќи некој може да ве види. Сосема е јасно, тој не сака никој да знае за тебе заради стравот дека луѓето ќе го видат.
Дури и ако и двајцата сте вљубени, ти си таа која е сама: Токму така. Тој си оди дома кај жената, а ти си одиш дома сама и со желба тој да е со тебе.

Тој не е верен: Очигледно. Ако тоа и го прави на сопругата, зошто да не ти го направи и тебе? Тој очигледно не ја почитува заклетвата што ја дал кога се оженил. Зошто мислиш дека со тебе би можело да биде различно?
Секогаш ќе смислуваш изговори за него: „Тој не е среќен“. „Тој не ја сака“. „Сепак, не може само така да остави се“. Но, тој се уште е во брак со неа.
Тој секогаш ќе смислува изговори: „Не сум среќен.“, „Не ја сакам“, „Не можам само така да оставам се“. Сепак, тој се уште е во брак со неа.
Ти заслужуваш некој целосно: Имаш толку љубов за пружање. Зошто би се согласила на нешто помалку од она што го заслужуваш?Токму така. Понекогаш срцето избира некој кој веќе има семејство, сопруга, некој кој веќе изградил дом со друга. Тешко е да му се нареди на срцето

Пронајдете не на следниве мрежи: