Актерката која сите ја обожаваме има тажна семејна тајна

Зад нејзината прекрасна насмевка се крие тажна и болна семејна приказна.
Џенифер Анистон е една од најпрепознатливите актерки во светот. Таа секогаш е на списокот на најубави жени, а нејзините улоги станаа култни.

Сепак, зад ѕвездениот успех на оваа актерка стои болна приказна за лошата врска со нејзината мајка.

Мајката на Џенифер, Ненси Дау, беше актерка и модел. Има глумено во неколку ТВ серии. И нејзината професија силно влијаела на начинот на кој ја воспитувала својата ќерка.
Џенифер изјави дека нејзината мајка постојано се жалела дека мора да изгледа поубаво и секогаш да е расположена. Затоа Ненси се обидела да ја направи својата ќерка совршена.

„Таа беше многу критична кон мене. Бидејќи била манекенка, таа била убава, волшебна. Јас не бев тоа. „Никогаш не сум била таква“ – рече Џенифер.

Актерката која сите ја обожаваме има тажна семејна тајна


Откако нејзините родители се развеле, Џенифер останала со нејзината мајка. Нивната врска се влошила затоа што Ненси имала тенденција да ги игнорира емоциите на нејзината ќерка.

„Никогаш не ме научи дека можам да врескам. Јас еднаш го кренав гласот и се развикав, а таа ме погледна и избувна од смеа. Таа ми се смееше затоа што јас врескав. И тоа беше како удар во стомакот “ – призна Џенифер.
Нејзината мајка ги објави своите мемоари во 1999 година, кои толку многу ја повредија Џенифер, што таа не разговараше со Ненси многу години. Таа дури и не ја покани на нејзината венчавка со Бред Пит. Нивната врска беше целосно уништена.

Откако Џенифер се разведе, таа и Ненси почнаа да ја обновуваат врската.
„Беше навистина убаво. Лудо е каде ве носи животот и како сè се врти. Беше вистинското време за нас и ќе се случи кога требаше да се случи. Тоа беа мали чекори “ – рече актерката.

Ненси почина во 2016 година. Подоцна, сеќавајќи се на нејзината мајка, Џенифер призна дека и покрај тоа што била строга, таа секогаш го сакала само најдоброто за неа.
Заедничката загуба ја обедини Џенифер со нејзиниот татко, ТВ актерот Џон Анистон. Нивната врска не беше совршена. Џенифер тешко се снајде со разводот на нејзините родители. Таа и нејзиниот татко не се виделе една година по разводот. А потоа тој стапи во контакт со неа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.