Апасиев: Необалистиве, сите на куп формирале пратеничка група – Ој, бе, легнете си

Лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев, на Фејсбук го коментира формирањето на “албанска опозициска” група во Собранието.

– Необалистиве, сите на куп, немаат изговорено ни 26 минути говор у Собрание… Ама, формирале ПРАТЕНИЧКА ГРУПА 🤣🤣🤣

Ој, бе, легнете си! – напиша Апасиев на Фејсбук.

Европскиот сојуз за промена формираше пратеничка група во Собранието. Во него има шест пратеници од партиите кои го сочинуваат блокот на алабанската опозиција. Координаторка на групата ќе биде пратеничката Сафије Садики Шаини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.