Најпознатиот пар на светот Џенифер Лопез и Бен Афлек наскоро ќе ја прослават првата годишнина од бракот. Светските ѕвезди не кријат колку се вљубени еден во друг, па затоа често во јавноста може да се видат како разменуваат нежности.
Актерот сега јавно го пофали изгледот на својата сопруга, нагласувајќи дека таа не се откажува од храната заради витката фигура.
-Ќе ви кажам нешто што ќе ве вознемири. Џенифер само јаде што сака. Буквално што сака. Јаде колачиња, сладолед, сè навистина, откри актерот во шоуто на Дру Баримор.
Сепак, има една работа која Џенифер не ја прескокнува, а тоа е редовното вежбање.
-Таа троши многу време на вежбање и има вистинска работна етика и дисциплина. Таа е најубавата жена на светот. Изгледа спектакуларно, изјави Бен.
Џенифер еднаш зборуваше за нејзиниот тренинг, како и за тоа на што се фокусира.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.