Направете гурманско грне со сочно месо и компири, рецепт за супер ручек што ќе го сака целото семејство, а практично сам се подготвува.
Никогаш нема доволно инспирација за ручек, а познато е дека на Балканов многу сакаме комбинација од месо и компири. Денеска ви пренесуваме фантастичен рецепт за гурманско грне исполнето со сочно месо и компири, кое практично „сама се прави“. Сѐ што треба да направите е да ги наредите состојките во земјен сад, да го прелиете со вино и да оставите да се крчка неколку часа. Вкусот е совршен, а поради едноставната подготовка успеваат и оние кои немаат многу кулинарски вештини.
Потребни состојки:
<
1 кромид
6 чешниња лук
1 кг компири
1,5 кг месо (колбаси, сланина, свинска плешка, батак)
4 моркови
300 мл црвено вино
масло
сол
бибер
Подготовка:
Земјениот сад премачкајте го со маст, па наредете крупно исечкан кромид и цели чешниња лук (исчистени). Одозгора ставете го месото, како и сланината и колбасите и убаво зачинете со сол и бибер. Наредете ги исечените компири и моркови кои претходно сте ги излупиле, а потоа прелијте со црвеното вино. Покријте и ставете во ладна рерна и печете на 250°C околу 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 200°C и печете уште 4 часа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.