Брутална одмазда на Зеленски: Крим под гранати, Украинците уништија клучен руски аеродром?

Според информациите на украинските медиуми, доцна синоќа бил гранатиран градот Џанкој на Крим, каде што биле пријавени експлозии.

Повикувајќи се на руски и украински канали Телеграм, медиумите јавуваат дека во ноќта меѓу средата и четвртокот се слушнале силни експлозии во градот под контрола на Русија.

Брутална одмазда на Зеленски: Крим под гранати, Украинците уништија клучен руски аеродром?

Дополнително, се посочува дека бил погоден и тамошниот аеродром кој исто така е под контрола на Русите.

Поради неодамнешните настани во Полска, кога две ракети паднаа на тамошната територија и загинаа две лица, многумина гранатирањето на Крим го сметаат за одмазда на Украина.

Имено, американскиот претседател Џозеф Бајден и челниците на НАТО алијансата објавија дека на територијата на Полска паднале украински ракети кои биле истрелани за пресретнување на руските.

Владимир Зеленски силно ги негираше овие наводи и побара докази, но Полска одби да и дозволи на Украина да учествува во истрагата.

Во исто време, вторник беше веројатно денот во кој беа извршени најмногу напади врз Украина во еден ден од првата недела од руската инвазија, објави британското Министерство за одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.