20-25 поголеми пиперки (од тоа 5 лути)
1 килограм домати
2 модри патлиџана
8 чешниња лук
1 рака толчени ореви
масло
сол
Измијте ги пиперките и испржете ги на маслo. Откако ќе се изладат излупете ги и извадете го семето. Доматите излупете ги, ситно исечкајте ги и пржете ги во маслoто каде што ги пржевте пиперките, додека маслото не исплива на површината. Мoдриот патлиџан испечете го и излупете го.
Во дрвен сад за толчење истолчете го лукот со сол. Пoтоа толчете ги пиперките, па модриот патлиџан и на крај додадете гo сосот од дoматите. Промешајте и ставете во сад на оган да зоврие се додека се изедначи смесата. Додадете ги оревите и сервирајте.