Ви се јаде сарма, а ја немате главната намирница? Еве како за 12 часа да ја закиселите зелката!

При самата помисла на сарма веќе устата ви станува влажна, а не сте ни почнале да ја закиселувате зелката. Постои брз начин како да го направите тоа за само 12 часа.

Состојки:
– 1 поголема главица зелка
– 3,5 дл. вински оцет
– 3 дл. вода
– 4 лажички сол
– 1 парче леб


Подготовка:
Исечете го коренот на зелката, а главицата ставете ја во длабок сад. Истурете 2 лажици сол во шуплината каде што бил коренот и ставете две лажици сол. Прелијте со жешка вода во која ќе го додадете остатокот од солта. Додадете го оцетот, покријте со чинија и оставете да отстои 8 часа. Извадете ја зелката, од неа извадете ги трагите од изронетиот леб и префрлете ја во длабок сад. Исцедете ја течноста, а потоа истурете ја зелката и гответе 10 минути на средна температура, додека течноста не зоврие. Тргнете од оган и оставете да се излади. Извадете ја од тенџерето. Листовите лесно ќе се одвојат и зелката е спремна за сарма.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.