Доколку не можете да го замислите вашиот оброк без леб или некое друго печиво, направете ги овие брзи и меки лепињи во тава, за чие тесто не ви е потребен квасец.
Потребни состојки:
- 500 гр. брашно
- 2 јајца
- 1 лажичка сол
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 300 мл. јогурт
- малку масло за јадење
Начин на подготовка:
Соединете ги сите состојки во еден сад и замесете тесто. Кога ќе го формирате тестото, поделете го на еднакви делови, а од оваа количина треба да формирате помеѓу 6 и 8 топчиња.
Секое од топчињата расукајте го со сукало, а потоа загрејте ја тавата на умерен оган со малку масло.
Печете ја секоја лепиња по неколку минути од двете страни. Доколку сакате лепињите да ја задржат својата мекост, по печењето ставете ги во најлонска ќеса. Можете да ги јадете како замена за леб или со омилените додатоци.