Две баби си праат муабет за внуците. Првата вика:
– Леле оној мој внук ќе ме умре. Пропалица невидена, тежок криминалец. Ништо не учи, по цел ден или е на интернет или девојки брка или со тоа ролерите вози негде.
А вторава вика:
– Е мојот внук по цел ден седи дома, слабо излегува, нон-стоп учи. Или доктор или пилот ќе стане.
Првата баба ќе пукнела од мака, па вели:
– Е како тоа или доктор или пилот, кога нема ништо слично во тие професии?
– Па знаеш стално кога ќе влезам во соба, го гледам он со шприцовите и иглите и ми вика, бабо ќе летамеее!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.