Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со продолжување на постапката за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“, со Предлог договор за имплементација и даде поддршка проектот да продолжи да се реализира, соопшти владината прес-служба.
- Ахмети: Не сме заинтересирани да бидеме дел од оваа Влада, ние не сме резервна гума
- Путин и Си: Русија и Кина ќе придонесат за мирот и стабилноста на планетата
- Германија: Иран ризикува, може да го разгори целиот регион
- Ќерката на Брус Вилис објави фотографија со нејзиниот татко: Многу го сакам овој човек
- Прогласен за персона нон грата: Израел му забрани на генералниот секретар на ОН да влезе во земјата
Според Информацијата од ресорното министерство, во текот на месец септември, од Град Скопје е соопштено дека се планира продолжување на проектот, за којшто на 21 април 2021 година Град Скопје и ЕБОР случија Проектен договор за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“.
Предлог Договорот за имплементација на проектот согласно Проектниот договор, треба да го склучат Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.