Издавањето на пасошите по „брза лента“ за професионалните возачи, како што изјави министерот Благој Бочварски, е со оглед на тоа што, како што рече, околу 90 проценти од товарниот транспорт во државата се врши по патниот сообраќај, а од транспортниот сектор многу зависи домашната економија
Професионалните возачи од земјава ќе може да приоритетно да извадат патни исправи по редовна цена. Ваквата одлука, на иницијатива на Министерството за транспорт и врски, е донесена на денешната седница на Владата со што се воспоставува брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи.
Владината одлука се однесува на сите транспортери и превозници кои поседуваат валидни сертификати за професионални возачи и на кои им се овозможува приоритетна замена на патните исправи.
„Постапката за пријавување ќе се извршува преку здруженијата и асоцијациите на транспортери, со што листите со професионални возачи ќе се достават до Министерството за транспорт и врски кое ќе ја проверува валидноста на сертификатите, а понатаму ќе се проследуваат до Министерството за внатрешни работи“,
информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Издавањето на пасошите по „брза лента“ за професионалните возачи, како што дополни Бочварски, е со оглед на тоа што, како што рече, околу 90 проценти од товарниот транспорт во државата се врши по патниот сообраќај, а од транспортниот сектор многу зависи домашната економија.