Водата од Билјанини извори не е безбедна за пиење

Денес Центарот за јавно здравје од Охрид предупреди дека водата од Билјанини извори не е безбедна за пиење. Последните физичко-хемиски анализи на водата од изворите спроведени денес покажале присуство на патогени бактерии, па затоа водата е биолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.
Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување. Од Центарот за јавно здравје наведуваат дека состојбата околу квалитетот на водата од Билјанини извори се следи во континуитет, а јавноста ќе биде благовремено известувана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.