Време е да пробате нешто ново: Рецепт за похувани зелени домати

Дали некогаш сте го гледале филмот „Пржени зелени домати“? Ја раскажува трогателната приказна за пријателството меѓу две жени кое е доказ дека со помош на љубовта можеме да ги надминеме сите животни неволји.

Инспирирани од овој филм ви го споделуваме рецептот за похувани зелени домати – традиционално американско јадење. Според историските извори, еврејските мигранти го довеле ова јадење во Америка во 19 век. Станува збор за вкусен рецепт кој е одличен избор за топлите летни денови.

Време е да пробате нешто ново: Рецепт за похувани зелени домати

Потребни состојки:
½ килограми зелени домати (одберете поголеми домати со еднаква големина)
200 милилитри кефир
2 јајца
пченкарно брашно или палента
лебни трошки
сол и пипер
босилек
оригано
лук
црвен мелен пипер
лимон
Потребни состојки за сос:
кисела павлака
1 ќесичка мајонез
сок од половина лимон
копар
2 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

Исечете ги доматите и додадете сол и црн пипер.

Додадете ги сите зачини во садот со лебните трошки.

Испрпелајте ги доматите првин во пченкарното брашно (или палентата), па во изматените јајца со кефир и на крајот во садот со лебните трошки.

Пржете сè додека не поруменат.

Готовите домати ставете ги на хартија за да се исцедат од вишокот маснотии.

За сосот доволно е да ги измешате претходно наведените состојки.

Послужете како предјадење, прилог или главно јадење. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.