Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите и актуелниот шеф на државата, Филип Вујановиќ победи на изборите што се одржа на 7. април, соопшти црногорската Државна изборна комисија.
Вујановиќ освоил 51,21 отсто од гласовите, додека за независниот кандидат Миодраг Лекиќ гласале 48,79 отсто од избирачите.
Изборниот штаб на Лекиќ претходно соопшти дека не ги признава резултатите од претседателските избори коишто ги соопштува ДИК. Приврзаниците на Лекиќ во саботата на протест побараа поништување на претседателските избори и распишување на нови.
Организаторите на протестите соопштија дека барањата ги упатиле до претседателот на Собранието на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, до премиерот Мило Ѓукановиќ и до партиите на владејачката коалиција на коишто им е оставен рок од десет дена за да се изјаснат.
Лекиќ на протестите обвини дека на изборите била направена изборна манипулација крадење во корист на Вујановиќ.
„Немам право да ја признаам изборната измама. Немам право заради сите вас кои гласавте за мене, бидејќи сите заедно сме ограбени“ рече Лекиќ и додаде дека ќе ја продолжи демократската борба за да се испочитува мнозинската волја на граѓаните на изборите на 7. април.
Вујановиќ претходно рече дека неговата победа е очигледна и дека ја потврдиле сите државни институции како и меѓународните набљудувачи и според него, порачувајќи дека треба да се почитува волјата на граѓаните.
„Мене граѓаните ме избраа и јас сум многу задоволен со тој резултат“ порача тој.
Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите и актуелниот шеф на државата, Филип Вујановиќ побе