Кога Украина ќе добие западни борбени авиони Ф-16, ќе има право да напаѓа легитимни руски воени цели надвор од границите на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Гласот на Америка.
„Кај различни сојузници, има малку различни политики за ова. Но, генерално… ова е вооружена агресија на Русија против Украина со очигледно кршење на меѓународното право. И според меѓународното право, Украина има право на самоодбрана. Ова исто така вклучува и удирање легитимни воени цели – руски воени цели надвор од Украина. Ова е меѓународно право“, рече Столтенберг.
- Најстудено во Маврови Анови со измерени -3 степени, а најмногу снег на Попова ШапкаНајстудено утрово беше во Маврови Анови каде се измерени – 3- прочитај повеќе
- Најдолгите и најздравите бракови ги применуваат овие шест работиСекој пар кој ќе го каже судбоносното „ДА“ се надева на- прочитај повеќе
- Украинците страшно ја нападнаа Русија! Изгоре руски магацин со муниција и дронови! Нептун уништи сè пред себе! (ВИДЕО)Во текот на ноќта, Украина нападна руски магацин со муниција и извидувачки- прочитај повеќе
- Нападите на ДУИ кон СДСМ се за прикривање на нивните договори со ДПМНЕНападите на ДУИ кон СДСМ се за прикривање на нивните договори- прочитај повеќе
- Во 2025 година овој хороскопски знак ќе помине низ најлошото од сè: Каде и да се сврти, ќе го следат тешкотии и непријатни ситуации (фото)Наредната 2025 година носи предизвици за сите хороскопски знаци, но особено еден знак ќе- прочитај повеќе
Во моментов не е познато кога точно Киев ќе може да гi прими авионите, повтори Столтенберг, бидејќи тоа зависи од сојузниците и одлуките во земјите. Партнерите на Украина се желни да ја пружат оваа помош што е можно поскоро, нагласи генералниот секретар на НАТО.
„Значи, мислам дека треба да ги слушаме воените експерти точно кога ќе бидеме подготвени или кога сојузниците ќе бидат подготвени да започнат со испраќање и испорака на Ф-16. Што порано тоа подобро. Во исто време, тоа треба да биде ефективно оружје со добро обучени пилоти, со добри системи за поддршка на располагање кога ќе го обезбедиме овој механизам на Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.