Ако не додадете масло, тестенините ќе се залепат, или тестенините треба добро да се исцедат…Но, дали е навистина така?
Ако не додадете масло, тестенините ќе се залепат
Ова тврдење во целост може да го наречеме мит. Единствено што ќе постигнете со додавање на масло е сосот да не се залепи на тестенините. За да не се залепат тестенините доволно е само да ги варите во многу вода и повремено да ги измешате.
За варење не е потребно многу вода
Тотално неточно! За тестенините убаво да се сварат потребно е голема количина вода. Поточно, на 500 грама тестенини се употребува најмалку 5 литри вода. Водата помага тестенините да не се залепат.
Неточно. Водата треба да биде зовриена, па дури потоа во неа се ставаат тестенините. Ладната вода ќе придонесе тестенините да се залепат. Кога тестенините ги вариме во вода која врие од нив ќе го добиеме најполниот и најбогат вкус кој во комбинација со сос прават совршен оброк.
Тестенините треба добро да се исцедат
Водата во која сте ги вареле тестенините не ја фрлајте туку со неа пригответе го сосот. Таа ќе го направи погуст и побогат сосот.
Нема потреба тестенините да се солат додека се варат
Ако одлулчите да не ја посолите водата во која се варат тестенините, таа ќе биде блуткава и без вкус, затоа најпаметна одлука е водата да ја посолите добро уште пред да ги ставите во неа тестенините.
Обликот на тестенините не е важен
Неточно. Постојат правила кои говорат кои тестенини со каков сос одат. Така сосовите со месо најдобро се сложуваат со рамните тестенини – шпагети и таљатели. Ретките сосови одат со капелини, додека густите сосови одат со тестенини од типот на ригатони и пена во кои сосот може да се сокрие, а потоа да ве изненади и развесели.