За време на летната сезона, плетените торби имаат посебно место во уличната мода, но и кога е во прашање нашиот стил за време на сезонскиот одмор.
А тоа е така од повеќе прични: практични се и функционални, лесно се адаптираат во сечиј стил, изработени се од природни матерјали, а нивните дизајни се толку шаренолики и богати, што може да ги носите од плажа до вечерни излегувања.
Моделите наменети за плажа вообичаено се со поголеми димензии за да одговорат и на вашите практчни потреби, додека оние дизајни наменети за секојдневни стилски комбинации, варираат како во однос на димензиите така и во однос на естетката и деталите со кои се декорирани.
Одбравме неколку исклучително шик модели на плетени торби за ова лето, што може да ги носите и на плажа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.