Ги штити дишните патишта, ја регулира дигестијата и ги намалува воспаленијата: Еве зошто треба да консумирате зелка

Доколку консумирате зелка неколку пати неделно, за брзо време ќе воочите подобрување во целокупното здравје.
Еве неколку причини зошто треба да јадете зелка:
Го зајакнува имунитетот
Зелката содржи витамин Ц како и значајни количини на бета-каротен, калиум, железо и магнезиум. Најмногу лековити својства има кога ја јадете сирова или закиселена, а ги губи квалитетите со продолжена термичка обработка.
Ја поттикнува дигестијата и слабеењето
Дури 92,5 отсто од зелката е вода, па затоа не е чудно што се смета за диететска намирница со само 20-тина калории на 100 грама. Освен тоа, го забавува претворањето на шеќерите и другите јаглехидрати во масти, а со оглед на вискиот процент на целулоза, ја поттикнува работата на дигестијата и ја намалува надуеноста на организмот.


Ги штити дишните патишта
Сокот од зелка е делотворен лек за болестите на дишните патишта, а со негово испирање ја намалувате болката во грлото. Тој помага во чистење на дишните патишта кај бронхитис или астма.
Го чува здравјето на желудникот
Зелката содржи сулфорафан – станува збор за органско соединение кое го штити гастроинтестионалниот тракт од враќање на желудочната киселина кон хранопроводот (рефлукс на желудочна киселина). Покрај тоа ја елиминира и бактеријата „Helicobacter pylori“ која е главен причинител на чир на желудник. Консумирајте 100 мл. сок од зелка, 3 пати на ден, пред секој главен оброк.
Ги намалува воспаленијата во телото
Овој зеленчук има силни антивоспалителни дејства, а облозите од зелка се честа препорака за разни видови болести. Зелката го извлекува гнојот од раните и ги дезинфицира, ги смирува изгорениците, егземата и акните, ги ублажува отоците и помага при мигрена. Покрај сето наведено, зелката ја ублажува и депресијата и вознемиреноста, ја подобрува концентрацијата, а некои студии тврдат и дека делува превентивно против рак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.