Гимназијалка од Куманово со бронзен медал на светска олимпијада

Ученичката Мелани Максимовска од гимназијата „Гоце Делчев“ освои бронзен медал на Светската олимпијада за геонауки во Индија. Таа денеска заедно со директорката на училиштето Марија Тодоровска ја посети општина Куманово, каде што се сретна со претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, секретарот Александар Гелевски и раководителот на Сектор за образование Александар Јовановиќ.

Гимназијалка од Куманово со бронзен медал на светска олимпијада

Таа наградата ја освои во главната категорија Data mining test-DMT. До стекнувањето на квалификации за учество на Олимпијадата, ментор на ученичката беше проф. Емилија Ангеловска, додека за финалната подготовка беа задолжени професори од Природно – математичкиот факултет Скопје, Отсек географија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.