Таткото на градот го обвини својот народ… Го обвини оној народ кој му укажуваше нему и на останатите надлежни дека газдите на конфекциите се иживуваат со текстилниот работник!
Сликите од 60 текстилни работници кои патуваат со автобус до своите работни места беа објавени уште пред 2 месеци, но тогаш никој не се слушаше ниту регистрираше.
Сега кога прстот е вперен кон него, Бочварски кој деновиве го гледаме низ кафулињата во Штип ги обвини текстилците, а не нивните газди… Го обвини народот, а не љубителите на пари што како газди попрво ќе го изберат богатството отколку здравјето и животот на луѓето.
Го обвини народот затоа што како менаџер на Општината потфрли во пакет со неговите соработници…