Крзното и летото делуваат како неверојатен спој, но модните трендови веќе долго време одат во тој правец. Погледнете го овој модел на сандали. Дали тие би биле Вашиот избор ова лето?
Папучите со крзно беа хит помеѓу блогерките и минатото лето, па затоа не се никаква особена новост. Сепак познатиот бренд “UGG“ ја претстави својата “Fluff Yeah”, колекција на сандали со крзно.
Тие изгледаат толку многу удобно па веруваме дека нема да ги спречи модните љубители да ги носат и на високи температури. Како што е случај со сите “UGG“ модели на облека. Овчата кожа е заштитен знак на овој бренд поради нејзината мекост.
Новите “UGG“ сандали се достапни во розе, сива и црна боја, а “Fluff Yeah” сандалите чинат околу 100 долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.