Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ призна дека владата на претседателот Александар Вучиќ била вклучена во стопирањето на изградбата на Коридорот 8, кој требаше да го поврзе Црното Море со Јадранското Море.
„Во Европската Унија се залагаа за изградба на коридорот од Бугарија до Албанија, како и оној од Романија до Грција. Ова мрачно сценарио за Србија го спречивме со одлуката на Александар Вучиќ Белград да инвестира во железничката пруга од Коридор 10“, рече Весиќ.
Според министерот, Србија треба да се етаблира како централна земја низ која минуваат сите важни железнички линии, наместо да биде опкружена со инфраструктурни проекти како што е Коридорот 8.
-Првата акција на владата на Христијан Мицкоски во Македонија беше и да се запре изградбата на Коридорот 8“, јавува дописникот на БГНЕС од Скопје.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.