Колку пати пред вежбање сте се запрашале дали треба нешто да јадете или е подобро да го избегнете оброкот за да не влијае на ефектот на вежбањето?
Многу е важно организмот да биде снабден со сите потребни хранливи состојки за да може да издржи физичка активност, особено ако е интензивна. Важно е и да се знае што се случува во телото додека вежбаме.
Со некои разлики поврзани со возраста, видот на тренингот и општата физичка форма, вежбањето предизвикува многу промени: срцето побрзо чука, се забрзува дишењето, крвта побрзо циркулира, мускулите трошат повеќе кислород, активирани се зглобовите, штитната жлезда, надбубрежната жлезда, хипоталамусот, панкреасот и други ендокрини жлезди работат побрзо за да ја одржат рамнотежата во телото.
Сите тие активности трошат енергија и бараат хранливи состојки. Потребна е соодветна исхрана за да се снабди организмот со потребните состојки.
Пред тренинг може да се јаде, тоа би можело да биде од корист, но не обилен оброк туку мал оброк што ќе овозможи подобро да го поднесете тренингот и што е најважно, мускулите и имунолошкиот систем ќе ги избегнат последиците од напорниот тренинг.
Оброкот би требало да биде лесно сварлив, не премногу засладен и да содржи аминокиселини. Нутриционистите предлагаат јогурт со житарки и шумско овошје.
Што да јадете по тренинг?
По тренингот мускулите ќе бидат „гладни“ па целта е да им се даде соодветна храна. Мора да консумирате соодветна количина протеини, јаглехидрати и есенцијални масни киселини, како и едноставни шеќери.
Нутриционистите предлагаат по вежбање да јадете бело месо, риба, суво овошје и семиња, ‘ржен леб и слично.