Дали конечно: „Задруга“ се гаси – Жељко Митровиќ и официјално потврди!

„По препорака на Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука во најкраток можен рок, не подолг од 10 дена, да престане да се емитува реалното шоу „Задруга“.

Верувам дека единствено Србија и проценката на Претседателот Вуќиќ е поважна од секој вид на интерес за Пинк и мојот личен интерес!“ се вели во соопштението на сопственикот на Пинк телевизија Жељко Митровиќ.

Сопственикот и директорот на Пинк медија груп и официјално го најави прекинувањето на реалното шоу, најдоцна до 8-ми јуни.

Финале и победници ќе има, а победникот како и секоја година од продукцијата ќе добие парична награда.
Мислењата на следбениците се поделени, едни се пресреќни што овој вид на проект ќе заврши бидејќи има премногу насилство и неморал, додека оние кои се „навлечени“ и го следат шоуто постојано, изјавија негодувње.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.