Луѓето со брз метаболизам за кратко време ја искористуваат енергијата од храната и ефикасно се ослободуваат од непотребните материи. Успорениот метаболизам има сосема спротивен ефект.
Има многу различни процеси, сигнали и сложени работи кои го контролираат нашиот метаболизам кој го вклучува мозокот, мускулите, органите и клетките. Една од најчестите митови во кои веруваат луѓето е дека со одреден вид на храна може да го забрзаат метаболизмот.
Научниците ја отфрлаат таа идеја како „лажна“, а теоријата дека намирниците како што се бибер и зелен чај го забрзуваат нашиот метаболизам не се доволно истражени.
Кофеинот навистина може да ви даде енергија, но тоа е поинаку од конкретно согорување на масти.
Метаболизмот во основа е начин на кој нашето тело одлучува да создаде енергија, а се работи за претворање на калориите коишто ги внесуваме во енергија.
Кофеинот и зачините не го забрзуваат метаболизмот туку помагаат за користење на супстанции кои се потребни за енергија. Крајната цел за зајакнување на метаболизмот не е користење на повеќе енергија туку ефикасност и зачувување на истата, пишува Healthline.
Важно е да се спомене дека некои намирници се согоруваат поспоро, како што се протеини и храна богата со влакна.
Мала студија од 2021 година покажа дека исхраната со висок процент на протеини ја зголемува дневната потрошувачка на енергија во споредба со исхрана со низок процент на протеини.