Дали е тоа забава?
Американците обожаваат да направат добра забава кога ќе го откријат полот на детето, што не е лошо сè додека е во граници на здравиот разум.
Полицијата од Кингстон, Њу Хемпшир, имала полни раце работа во вторникот вечерта затоа што некое непослушно друштво во каменолом решило да активира 36 килограми танерит.
Танерит е легално достапен експлозив кој обично се користи во вежби за огнено оружје.
Детонацијата била толку силна што се почувствувала во сите блиски градови, дури и во оние во соседната сојузна држава Масачусетс. На некои од несреќниците им паднале слики од ѕидовите, а некои дури пријавиле оштетување на темелите на нивните куќи.
За среќа никој не е повреден, но дефинитивно може да следат бројни тужби.
На крајот, полот на детето не беше откриен, барем не за медиумите.