Две сестри и еден брат од Лондон преживеаја удар на гром под дрво на почетокот на неделата. Сепак, она што ја прави нивната приказна уште попосебна е тоа што тие успеаја да направат селфи во моментот кога ги погоди гром.
Изобел, Рејчел и Ендру Џобсон застанаа за Рејчел да оди во тоалет, а нејзината сестра и брат најдоа засолниште од силниот дожд под дрвото. Сестрите и братот уживаат да возат велосипеди на дожд, па решија да фатат сè со една фотографија, пишува IFLScience.
Сепак, мајката природа имала и други планови. Како што секој знае, стоењето под дрво за време на грмотевица може да биде крајно опасно бидејќи молњата бара патека со најмал отпор, што е често највисокиот предмет на одредена област.
Гром ги погоди сестрите и братот, ги сруши на земја и ги повреди.
– Одеднаш бев на земја и не можев да слушнам ништо друго освен свиркање. Целата десна рака ми беше вкочанета и не можев да ја помрднам, изјави Рејчел за Би-Би-Си.
Џобсонови биле пренесени во болница откако биле забележани од минувачи. Откако биле лекувани од изгорениците, братот и сестрите биле пуштени дома бидејќи никој од нив не бил сериозно повреден.