Дневен хороскоп за сабота, 25-ти мај 2024-та


ОВЕН
Денот е поволен за нов професионален почеток, иако комуникацијата е тешка. Одложете ги планираните разговори кои ќе ви донесат разочарувања. Дозволете си да испраите барање до странски компании за идна деловна соработка.

БИК
Од утрото подгответе се за неочекувани промени, коишто без разлика дали се добри или лоши ви носат полза. Плаќањето што со нетрпение го очекувавте ќе биде одложено. Бидете благодарни за помошта што ја добивате од вашите колеги. Денот е добар за разговор со претпоставените и државни организации доколку ви е потребна нивна помош или интервенција.

БЛИЗНАЦИ
Не очекувајте ги денеска парите што се надевавте да ги добиете пред неколку дена. Ако се занимавате со трговија, гарантирате профит. Заштедете го она што сте го заработиле, бидејќи наскоро ќе ви треба. Комуникацијата на овој ден ви носи и успех. Добро ви оди на работното место, доколку не го трошите времето во бескорисни разговори.

РАК
Имате можност да им докажете на колегите дека сте незаменливи во надминувањето на тешкотиите на работното место. Лесно комуницирате и со вашите непријатели. Контролирајте ги емоциите за да се поштедите од неволјата предизвикана од вашиот остар јазик. Успехот ќе ве следи доколку сте трпеливи и тактични и не иронизирате во врска со луѓето кои ве опкружуваат.

ЛАВ
Направете успешен нов почеток на вашето работно место. Имате можност да ги завршите старите задачи чии рокови одамна сте ги пропуштиле и да ја вратите довербата од претпоставените. Не се расправајте со колегите. Зафатете се со вашите нови работни обврски и премолчувајте ако се обидат да ве налутат.

ДЕВИЦА
Одржете ги планираните состаноци и деловни разговори, без разлика дали ви се допаѓаат луѓето што ги очекувате. До пладне, подгответе се да ги разјасните проблематичните деловни односи. Успехот е со вас. Не го трошете залудно. Доброто расположение ви ја зајакнува желбата за активна и профитабилна работа. Бидете вредни на работнот место и не ги занемарувајте обврските.

ВАГА
Имате тенденција да ги драматизирате разговорите поврзани со вашите неуспеси. Подобро прифтете ги како уште една научена лекција. Тие ви дадоа искуство и се отскочна даска за нови височини. Тешкотиите на вашето работно место не се поврзани со вашите постапки. Не се лутете поради туѓите грешки и не им подавајте рака на колегите кои нема да го ценат вашиот гест. Избегнувајте критизерски забелешки.

ШКОРПИЈА
Ви претстои поволен ден, кој ви овозможува да размислите, а доколку веќе сте го направиле тоа, успешно да започнете нови активности. Ќе комуницирате со многу луѓе. Не ви советуваме да ги разјаснувате деловните односи. На вашето работно место можете да се справите со обврските само ако сте упорни и работите со трпение.

СТРЕЛЕЦ
Не патувајте. Не ризикувајте и не преоптоварувајте се со физичка работа. Можни се проблеми поради вашето одбивање да се занимавате со нерешените имотни прашања. Среќата не е со вас денеска. Запомнете дека имате тенденција да им верувате на нечесни луѓе, на коишто нетпретпазливо им дозволувате да ви се доближат.

ЈАРЕЦ
Одложете го патувањето, доколку тоа ви пречи на директните работни обврски. Не ризикувајте поради понудите на вашите познаници, кои ви ветуваат чуда без напор, а кои никако не можат да се остварат. Со агресивност и тврдоглавост не можете да се наметнете и да постигнете добри резултати на вашето работно место. Бидете трпеливи.

ВОДОЛИЈА
Денот ви е исполнет со промени. Запознајте се со вашите деловни партнери и разговарајте за вашите нови идеи, чија реализација ја предвидувате за крајот на месецот. Почнете да размислувате за нивно спроведување, но без да инвестирате големи средства. Не го наметнувајте своето мислење со агресивност. Смирениот тон ќе остави посилен впечаток.

РИБИ
Успехот ќе ве следи денеска, најмногу на работното место. Вашите задачи бараат трпение, но со задоволство ги реазлизирате бидејќи знаете каков приход ви гарантираат. Очекувајте и дополнителни приходи на вашата банкарска сметка. Сите се импресионирани од вашата трудољубивост. Очекувајте вести за покачување, кои ќе ве изненадат во вистински момент.

Пронајдете не на следниве мрежи: