Додека игра Македонија, „македонски“ министри ја бодрат Албанија во Тирана

Додека репрезентацијата на Македонија ги одмеруваше силите со Англија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, дел од министрите во македонската Влада се наоѓаа во Тирана каде што ѝ даваат поддршка на Албанија во дуелот против Фарските острови.

Според ТВ 21, вицепремиерот Артан Груби и министерот за економија, Крешник Бектеши наместо на трибините на Градски се наоѓаа во албанската престолнина, каде што го славеа и официјалниот пласман на нашиот западен сосед на ЕП 2024.

Ваквиот потег на министри во било која друга држава би бил оценет како скандалозен и би бил осуден во јавноста. Особено што во составот на Македонија играат солиден број фудбалери од албанска националност како Мислиу, Барди, Алими и Алиоски.

ФОТО: ТВ 21

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.