Матуранти на католичко училиште во Германија дошле на училиште облечени како проститутки и макроа!

Директорот на католичкото средно училиште за девојки „Мариенберг“ во Нојс, Германија (Северна Рајна-Вестфалија) во четвртокот го испратил целиот клас дома и ги замолил да се пресоблечат во друга облека, пишува Fenix-magazin.de.

Матуранти на католичко училиште во Германија дошле на училиште облечени како проститутки и макроа!

Имено, како што пренесуваат тамошните медиуми, девојчињата дошле на училиште облечени во оскудна и несоодветна облека.

Бидејќи мотото на училишниот ден беше „Црвено светло, сино светло, агенти“ („Rotlicht, Blaulicht, Agenten“), девојчињата очигледно погрешно го протолкуваа мотото и дојдоа на училиште облечени во прекратки маици, лакирани чизми и мрежести хулахопки а на нив прикачени презервативи.

– Идните матуранти се маскирале во проститутки и макроа. Освен тоа, некои од девојчињата изутрината биле видно пијани, соопшти училишната управа, пренесоа германските медиуми.

– Нашето училиште не треба да се поврзува со таква слика за жени, изјави директорот Норберт Кеслер, кој во четвртокот го повика целото средно училиште на здрав разум и ги испрати дома да се пресоблечат, пишува Feniks-magazin.de.

Пронајдете не на следниве мрежи: