Едноставен рецепт за мека проја која може да ја комбинирате со свежа салата, пилешко месо, кефир…

Откако ќе ја направите од нејзиниот вкус сигурно ќе бидете задоволни.
Состојки:
– 3 јајца;
– 50 грама брашно;
– 50 грама гриз;
– 150 грама пченкарно брашно;
– 100 милилитри минерална вода;
– 200 милилитри јогурт;
– 200 грама сирење;
– сол;
– 1 прашок за печиво;
– 70 милилитри масло за јадење.


Подготовка:
Изматете ги јајцата со жица за матење, додадете го брашното и прашокот за печиво, гризот, пченкарното брашно, јогуртот, минералната вода, згмеченото сирење, солта, па сè добро измешајте додека не се соедини.
Во кружен плех претходно ставете хартија за печење, па ставете ја смесата и израмнете убаво. Печете на 210 степени Целзиусови околу 50-60 минути.
Пројата може да ја јадете со свежа салата, кефир, пилешко месо или младо сирење.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.