Во оризот додадете неколку видови зеленчук и ќе добиете италијански специјалитет од најевтини состојки.
Ризото е познато италијанско јадење кое може да се подготви на безброј начини, а основни состојки што се користат се супа, путер и кромид. Бидејќи дојде пролетта, а во продавниците и на пазарот можете да најдете разновиден зеленчук, наш предлог е да измешате неколку видови и да додадете ориз, но и супа. Направете ризото кое сите ќе го засакаат уште од првиот залак, а кое ќе го разубавите со бои.
Состојки:
1 кромид
1 морков
1 пиперка
1 тиквичка
100 гр чери домати
магдонос
150 гр ориз
300 мл супа
сол
бибер
Подготовка:
На масло пропржете сечкан кромид, па додадете сечкан морков и бибер. Кога малку ќе омекне додадете ги сечканите тиквички и чери доматите. По пет минути додадете го измиениот ориз и прелијте ја супата (коцката за супа разредете ја со 300 мл вода). Зачинете со сол и бибер, па измешајте. Варете додека супата не испари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.