Ова здраво смуди зачинето со кафе, многу протеини и витамини е одлична опција за енергетски оброк. Зеленчукот во смудито ќе ви даде дополнителни хранливи материи и нема да влијае на вкусот.
Енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе
Потребни состојки:
175 милилитри вода
60 до 125 милилитри ладно инстант кафе
22 г протеин од сурутка во прав или кој било друг протеин
1 лажица незасладен путер од бадеми или кој било друг путер од јадки
1 лажица незасладено какао (по избор)
1 лажица мед или по вкус (по избор)
½ лажичка ленено семе или чиа
½ лажичка мака во прав (по избор)
свеж или замрзнат кељ, спанаќ, зелена салата насечени на парчиња
неколку коцки мраз
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер (освен коцките мраз). Блендирајте додека смесата не се изедначи. Додадајте ги коцките мраз и повторно блендирајте. Додадете повеќе вода ако вашиот пијалак е премногу густ.
Дополнителна информација:
Мака во прав е додаток добиен од перуанскиот мака корен (понекогаш се нарекува и перуански женшен) и се верува дека дава многу енергија, но не мора да го додадете ако не сакате.
Чоколадниот протеин во прав е исто така одличен додаток за ова енергетско смуди