500 г мешано мелено месо
2 модри патлиџани
3-4 компири
1 главица кромид
500 мл млеко
3 јајца
3 лажици брашно
40 г маргарин
200 г кашкавал
2 кафени лажици црвен пипер
масло, сол и мелен црн пипер по вкус
Испржете го исечканиот кромид на масло, додадете го меленото месо и зачинете. Откако месото ќе се испржи додадете го црвениот пипер, промешајте и тргнете од оган.
Измиените модри патлиџани исечете ги на кругови и испржете ги на масло.
Компирите излупете ги, исечкајте ги на кругови и запржете ги. Наредете ги во тава за печење и додадете половина од круговите модри патлиџани. Нанесете го испрженото месо и наредете ги преостантите модри патлиџани.
На растопениот маргарин испржете го брашното, додадете го млекото и откако сосот ќе се згусне тргнете од оган. Додадете ги жолчките, промешајте и нанесете го сосот во тавата. Изрендајте го кашкавалот и печете ја мусаката 40 минути на 200 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.