Забраната на пластични ќеси ја истакна снаодливоста на Тајланѓаните

Во Тајланд од 1 јануари стапи во сила законот за забрана на употребата на пластични ќесиња, а тоа ја поттикна снаодливоста и креативноста на Тајланѓаните.
Имено, граѓаните во големите продавници почнаа да доаѓаат со хартиени ќеси, платнени торбички, вреќи, кофи, ќупови, колички за малтер, метални канти, па дури и улични препреки за паркирање, коишто свртени наопаку личат на фишек.


Пластиката се смета за еден од најголемите загадувачи на животната средина.
На Фејсбук е отворена и посебна страница посветена на новите креативни начини на пазарување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.