Потребни состојки:
150 г варен морков
1 полна лажица мед
30 г мелени ореви
30 г овесно брашно
30 г кокос
Џем
Чоколадо
Начин на подготовка:
Многу едноставна и лесна постапка. Сварете го морковот и изгмечете го со вилушка или во блендер. Додадете го медот и останатите суви состојки. Замесете ја смесата и треба да е средно мека. Земајте по околу 1 лажица и оформете ја како што е прикажано на фотографијата. На средина ставете малку џем или свежо овошје. Преклопете и нежно оформете. За поубаво да ставите глазура кратко замрзнете ги бомбиците. Потоа, прелијте ги со чоколадо.