ЗОШТО НАУКАТА ГО ОДСТРАНИЛА “ЕТЕРОТ” ОД ПРВАТА ТАБЛИЦА НА МЕНДЕЛЕЕВИОТ СИСТЕМ?

  • ДАЛИ ПОСТОИ ЕТЕР И ЗОШТО ГО ИМА ВО ОРИГИНАЛНАТА МЕНДЕЛЕЕВА ТАБЕЛА ОД 1906 ГОДИНА И ПОТОА Е УКИНАТ?

Навршија 182 години од раѓањето на големиот светски руски научник од крајот на 19 век Дмитриј Менделеев, творец на „Периодичниот закон“ или како што е познат денес, периодниот систем на хемиските елементи. Но, малкумина знаат дека тој ја приложил во светската наука идејата за етерот или звучните бранови или њутониум како што го нарекува. Нејзиното приложување е фундаментално за научното значење во откривањето на тајните на вселената и нејзиното постоење. Воедно, Менделеев го вклучил њутониумот во неговата оригинална периодична табела на хемиските елементи. Тој е најмалиот составен дел на сите други елементи, помал од молекулите и од честитчката од која произлегуваат атомите. Оригиналот на периодниот систем рускиот научник го објави во 1906 година во учебникот „Основи на хемијата“. Таму во нулта група заедно со познатите инертни гасови хелиум, неон, криптон и ксенон, Менделеев го става и етерот. Го нарекува „њутониум“ во чест на големиот Исак Њутн. Токму тој тврдел: „Целиот простор на универзумот се состои од неостварлив гас, без кој е невозможно постоењето на што и да е.“

Менделеев, исто така смета дека етерот е поврзан со хемијата и физиката како единица и е основен елемент на вселената. На крајот на 19 век, Русинот е еден од последните светски научници кој стои зад идејата дека етерот е супстанца од која се гради универзумот и во неа е клучот за одгатнување на неговата мистерија.
По предвремената смрт, „Периодичниот закон“ бива изменет од Светската академска заедница. Укинувањето на етерот наметнува и промена при која инертните гасови се здружуваат со елементите од осмата група и табелата го стекнува видот во кој се изучува сега.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.