Имаме решение ако ви се појави желба за чоколадо: Сувите сливи ја гушат желбата за слатки

Најлесно е да се изеде колаче или чоколадо, а потоа, како и обично, се каеме, незадоволни сме и си ветуваме дека нема да го повториме тоа. Нутриционистот Лорен Манакер советува следниот пат кога ќе се појави напад на желба за слатко, наместо чоколадо да изедеме една или две суви сливи.
“Сливите брзо заситуваат и можат да го задоволат гладот. Според студијата објавена во Journal of Nutrition Bulletin, луѓето кои јаделе сливи чувствувале помалку глад и внесувале помалку калории од оние кои јаделе било што друго”, вели нутриционистот.
Друг начин на кој овие сушени плодови можат да помогнат да се намали желбата за слатки е тоа што тие се природно слатки и дека за разлика од благото, содржат природни антиоксиданси, витамини и минерали.
– Сепак, сувото овошје не им се препорачува на дијабетичарите токму поради количината на шеќер што го содржи.Една слива има 3,5 грама природен шеќер и важно е да не се претера – потсетува Манакер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.