Интерактивен мултимедијален настан-„Во(н) јавниот простор“


Интерактивен мултимедијален настан-„Во(н) јавниот простор“

Во сабота на 1 јуни, во дворот на Државниот студентски дом „Гоце Делчев“ со почеток од 18.00 часот ќе се одржи интерактивен мултимедијален настан- „Во(н) јавниот простор“, во организација на Еквалис.

„Со овој настан ќе поттикнеме размислување за потенцијалите кои ги носат напуштените и заборавени објекти. Еден таков објект се наоѓа токму во непосредна близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, а уште многу од нив се распространети низ повеќето скопски општини. Овие објекти, со многу малку труд, би можеле да се претворат во центри за култура, уметност, креативност, забава и рекреација за младите“, велат од Еквалис.

Настанот ќе вклучува повеќе креативни и уметнички дисциплини, како музика, фотографии, фанзини, рачно печатење со традиционалната техника ситопечат, како и дискусии преку кои ќе отвориме прашања за јавниот простор, за напуштените објекти и за потенцијалот кој истите го носат.

„Во(н) јавниот простор“ се случува во организација на Галена Јованоска и Алекс Чалевиќ , како дел од програмата „Акции за заедницата: Мобилизирање на граѓан(к)ите за локални решенија“ поддржан од National Endowment for Democracу.

Пронајдете не на следниве мрежи: